ЗАГЛАВЕН

Може ли да ви се претставам? Јас сум ваш колега од Холандија и сакам да споделам со вас за нешто што се случило во мојот живот.

Пред многу години го возев мојот камион со низок натоварувач, и носев дванаесет тонски виљушкар кој беше многу високо подигнат. Кога се приближив до куполниот мост, успорив за да можам да управувам. Сепак, бидејќи куполниот мост малку е навален, најмалку неколку инчи бев заглавен. Мислев: ако добро се подготвам, повторно ќе успеам. И со стискање до даска на гас некако успеав. Но дури тогаш влегов во ужасна невоља….! Долж долгиот куполен премин, постоеше уште еден поприлично тесен пат, кој јас не го забележав. Кога виљушкарот горе се ослободи од долгиот куполен премин, тој подрипна право меѓу двата куполни премини. Повеќе не можев да се движам, ниту напред ниту назад. тогаш во тие денови гасната амортизација беше далечна иднина. Единственото нешто што можев да го направам беше да го испуштам потполно воздухот од гумите на виљушкарот и делумно од натоварувачот. На тој начин се извлеков од замката. Подоцна во мојот камион си имав карта со сите рамни премини и куполни мостови и патишта (во Холандија) каде напомнав. Во сите има заведено колкав е просторот за премин и одоздола и одозгора.

ЗАГЛАВЕН

Истото што ми се случи мене со мојот камион и нискиот натоварувач, може да се случи и во животот. Ние исто така се заглавуваме во животот. Ние исто така се вплеткуваме во проблеми и потоа се обидуваме да се ослободиме сотрикови‘. Понекогаш тоа изгледа дека е успешно, но во реалноста порано или подоцна тоа завршува во целосен ќор-сокак, без можност за излез.

Токму така работите се одвиваа и во мојот живот. Се обидував себе си да се наговорам со слаби оправдувања. Откако неколку години бев женет, се испостави да бидам неверен. Жена ми и јас почнавме да се разидуваме. За една работа бев сигурен: Овој мој живот беше мизерен и јас сакав да го променам! Но не знаев како да го решам тоа. Кога се обидував да се ги поправам патиштата повторно и одново се докажуваше поразот. На некој начин работите повторно стануваа погрешни. Можеби сето ова го препознавате, и можеби веќе сте преморени и заплеткани. Доколку сакате вистинска промена, постои решение. Јас пронајдов дека постои друг пат или начин. (Дури и ако вашата ситуација не е толку лоша како мојата, сепак ве охрабрувам да го земете во обѕир тој друг пат или начин). Овој пат преставува пат кој никогаш не завршува со ќорсокак. ‘Тој пат’ е Господ Исус Христос. Тој рече дека секој што е духовно уморен и не знае што да прави бидејќи е изгубен, може да дојде кај Него. Тој вети внатрешен мир и спокој. Дозволете ми да ви кажам како се промени мојата жена. Му ги кажав на Господа моите мани и моите гревови и мојата желба за одмор. Побарав од Него прошка за сите грешни работи во мојот живот поради моите грешки. Му благодарев на Господа затоа што Господ Исус Христос умре за моите гревови и повторно се воздигна од мртвите. Чинев се правилно со луѓето онолку колку можев. И Господ ги прости моите гревови и го обнови мојот живот. Тој истото го направи и за мојата жена бидејќи таа си ги исповеда гревовите и го прифати Господ Исус Христос како нејзин Спасител. Ние тоа го направивме преку клечење и искажување не се она што им тежеше на нашите срца. Господ ги обнови нашите животи. Нашиот брачен живот постана поубав отколку кога за прв пат се заљубивме. Откако двајцата одлучивме да го пуштиме Исус во нашите животи и да живееме со Господ, ние веќе 30 години заедно живееме среќно во нашите животи. После преку 32 години брак со мојата жена, таа доби рак. После 8 месеци болување таа замина во потполн мир и спокој-умствен за да бидам со неа и мојот мил Господ Исус Христос, за што сум сигурен, дека ќе ја сретнам неа кога ќе дојде моето време да го напуштам светот треба да заминам од светов. О да, таа имаѓе само 54 години, премногу млада и повеќе би сакал да ја имам покрај мене уште многу многу години. Но тоа беше совршено време за неа од Господа.

Господ навистина ни даде и мене на неа нов живот, а Неговиот мир и спокој беше со нас во ова тешко време од нашите животи, и сѐуште е со мене дури и сега мојата најдрага љубов која повеќе не е покрај мене. Кога го прифативме Исус, тоа не беше “некоја идеја” или “скок во мрак”. Не, Господ беше верен за сите овие години и навистина ги промени нашите животи.

Тој сака да ви го даде целиот овој мир и во вашиот живот исто така. Ако имате желба да имате избалансиран живот на внатрешен мир и спокој во сите околности во животот најдете тогаш тивко место каде што можете да бидете сами и да разговарате со Бога, дури и во вашата кабина. Без разлика дали зборувате гласно или тивко шепотите, сето тоа не е толку важно. Сè што му говорите директно од своето срце, Тој ве слуша! И не само што ве слуша, он исто така и ќе ви одговори, давајќи ви го својот мир и спокој во вашиот внатрешен живот доколку направите искрено исповедување. Се сеќавате на картата во мојот камион? Јас секогаш си ја користам кога треба да поминам преку ‘сомнителен’ премин со мојот низок натоварувач, или да одам под куполен мост со екстремно висок товар и ако не сум сигурен за слободниот простор одозгора. Сега имам друга ‘карта’ со мене. Всушност тоа е книга. Таа книга е Библијата. Во неа читам за Вечната Божја љубов кон мене и за неговиот план за мојот живот. Оваа книга за мене е водилка која ме штити да не се заглавамповторно.

ЌОРСОКАК ИЛИ

Библијата зборува за два пата. За првиот пат таа вели: Постои пат кој на човека му се чини дека е исправен, но крајот на патот е смртта… (Изреки 14:12). (Јас бев на тој пат пред да дојдам кај Господ Исус Христос. Одев кон вечните маки, засекогаш изгубен. пеколот е вистинит!)

Вториот пат што е спомнат во Библијата е Господ Исус Христос. Тој вели: Јас сум патот… (Јован 14:6) …оној кој верува во мене и да умре ќе живее... (Јован 11:25) Сега јас сум на овој пат. Одејќи кон вечното блаженство, безбеден засекогаш. Рајот е вистинит!)

Кој пат го избирате? Ако сеуште сте на погрешен начин, направете го она што го правите и кога ќе се заглавите со вашиот камион: Врати се назад, почнете одново и започнете по вистинскиот пат!

MS vrachtwagenchauffeur

Martien Stam

Возач на камион од Холандија

Нев Лифе

име*

емајл*

националност*

тема

vaša порука

доступан бесплатно
БиблијаЦД-аКурс

адреса

поштански број

пребивалиште

*мора бити завршен